Google Chrome со download later опција

Google Chrome со нова опција за Android

Новата функција ќе бара информации од корисниците за тоа дали сакаат фајловите да се преземаат по поврзувањето на Wi-Fi или на одреден датум, односно во одредено време.

Ова ќе биде од значење за оние кои имаат рестриктивни пакети кај провајдерите, или за оние кои имаат неограничен проток во рамките на одреден период во текот на денот.

Google Chrome за Android наскоро ќе им овозможи на корисниците да креираат распоред на содржини/ажурирања, со што веб-прегледникот ефективно ќе се трансформира во download manager на фајлови.

Иако функцијата на креирање на распоред за преземање на содржини моментално не е достапна во стабилен Google Chrome build за Android, можно е да се активира во „Enable download later“ полето во рамките на Canary build за Google Chrome 86.

Новата ‘download later’ функција сигурно ќе помогне да се одржи популарноста на Chrome.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments