Google го најави датумот за настанот Stadia Connect

Google го најави датумот за настанот Stadia Connect

Google, одлучи настанот Stadia Connection да се оджри на 14 Јули. На настанот за кој Google и Summer Game Fest ќе соработуваат, ќе се објават и нови игри и карактеристики.

Уште кога сеуште не постоеше Stadia, Google го одржуваше настанот Stadia Connection. Овој настан кој не потсетува на Nintendo Direct, на играчите им помага да дознаат нови нешта во врска со платформата. Настанот Stadia Connection кој се одржува по лансманот Stadia, на Google му овозможува да ги претстави новите игри и карактеристики.

Најавено е дека настанот ќе се одржи следниот месец. На овој настан кој последно беше одржан во септември кога за прв пат беше најавено дека ЕА подготвува игри за оваа платформа на Google. Тогаш Google, одобри дека во летниот период ќе се одржи уште еден настан, сега е најавен и точниот датум.

Настанот Stadia Connect ќе се одржи на 14 јули

Google најави дека настанот ќе се одржи на 14 јули. Исто така компанијата одлучи да соработува со Summer Game Fest се со цел повеќе да се прочуе настанот. Додека Google изјави дека „ќе има нови игри“Summer Game Fest изјави дека корисниците треба да бидат подготвени за „изненадување“.

Исто така додека Google не го објавуваше точниот час на почеток на настанот, Summer Game Fest изјави дека настанот ќе почне точно во 20:00 часот. Објавата на Twitter на Summer Game Fest гласи вака: „Следниот Stadia Connection настан ќе се одржи на 14 јули како дел од Summer Game Fest. Доколку сакате да се информирате за некои идни игри и изненадување, бидете дел од тимот на Google Stadia“.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments