Google го објави Android 11 Beta 2

Google го објави Android 11 Beta 2, финалната верзија на 8ми септември

Во текот на “Hey Google” Smart Home Summit презентацијата на YouTube, откриен е датумот на наводната официјална објава на платформата, која веројатно ќе дебитира на Google Pixel уредите.

Google вчера го објави Android 11 Beta 2 build со голем број исправки, како и некои помали измени за корисничкиот интерфејс. Во текот на посебен настан, Google откри и дека Android 11 планира јавно да го објави на 8ми септември.

Кога е Android 11 Beta 2 во прашање, Google на Android Developer сајтот објави детали со измените. Тука се исправки за однесувањето на контрола на гестикулациите, испрака за проблем кој спречуваше тастатурата правилно да се појавува, звукот повеќе не е искривен на некои звучници и друго.

Бидејќи Android 11 е се уште во Beta фаза, постојат проблеми со интерфејсот, Wi-Fi конекцијата, известувањата и друго.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments