Google го прикажа Pixel 4A

Google случајно го прикажа Pixel 4A

Благодарение на пропустот на Google, имаме прилика да видиме како претстојниот Google Pixel 4A телефон изгледа. Официјалниот рендер на уредот се појави на страницата на Google во Канада, над местото каде требаше да биде прикажан Nest WiFi.

Pixel 4a има една селфи камера, сместена во punch-hole отвор во екранот, а тука се и една камера на задната страна со блиц, капацитативен сензор за отпечаток од прст и приклучок за слушалки.

Датумот на екранот на телефонот го покажува 12. мај, што сугерира дека Pixel 4a требало да биде претставен во текот на Google I/O конференцијата, но тоа е одложено.

Google Pixel 4a во текот на претходните неколку недели доби бројни сертификати, што укажува на тоа дека објавата на телефонот е многу блиску. Сепак, некои гласини сугерираат дека смартфонот ќе биде претставен дури во октомври.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments