Google ќе инвестира 10 милијарди во Индија

Google ќе инвестира 10 милијарди американски долари во Индија

Странските компании потрошија десетици милијарди долари во Индија последниве години, каде се борат за дел од растечката дигитална економија на азискиот гигант.

Извршниот директор Сундар Пичаи на виртуелен настан на Google во Индија изјави дека неговиот фонд ќе помогне за забрзувањето на дигиталната економија на Индија и ќе вклучува инвестиции во локалните бизниси и инфраструктура во области како што се дигитални плаќања, образование и здравствена заштита.

– Нема сомнение дека денес се соочуваме со тешко време во Индија и во целиот свет. Двојните предизвици, во здравствена и економска смисла, нè принудија да подлабоко да размислиме за тоа како работиме и како живееме, рече Пичаи.

– Но, моментите на предизвик можат да доведат до неверојатни моменти на иновации, рече Пичаи.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments