Драг трка помеѓу Tesla Model Y и Lamborghini Huracan! [ВИДЕО]
Google Maps воведува нови опции за поголема безбедност
Според последните податоци, над 11 милиони луѓе досега се заразиле со коронавирусот, а 500.000 починале од болеста што ја предизвикува.
Земјите применуваат разни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, а поради тоа, и начинот на кој патуваме веќе не е ист како пред пандемијата.
За да им помогне на патниците, Google Maps собира податоци од локални и национални агенции и влади и ги известува корисниците за најновите информации.
Google Maps претстави нови алатки што треба да им помогнат на корисниците да бидат побезбедни за време на пандемијата на коронавирусот.
Отсега корисниците на апликацијата за мапи може да очекуваат да добиваат известување за време на возењето за локации за тестирање за Ковид-19 кога поминуваат граници, а ќе добиваат и информации за последните мерки против коронавирусот на државите. Овие опции моментално се достапни само во Канада, Мексико и во САД.
Дополнително, апликацијата ќе известува за достапноста на центрите за тестирање за да се одбегнат метежи. Ваквите известувања ќе им се испраќаат на корисниците во Индонезија, Израел, Филипини, Јужна Кореја и САД.
Кога корисниците ќе користат Google Maps во јавен превоз, во делови во кои има посебни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, ќе добиваат известувања за мерките и барањата, како задолжителни маски и слично.