Google нуди 100.000 стипендии

Google ќе нуди 100,000 стипендии за онлајн курсеви

На 13ти јули од Google соопштија дека ќе лансираат програма со фонд за 100,000 стипендии кон нивните онлајн курсеви. Овие курсеви се дел од нивните „Google Career“ сертификати кои што им овозможуваат на луѓето кои што ги завршиле да најдат работа без потреба од диплома на факултет.

Ова е уште еден обид за борба против невработеноста која е резултат на пандемијата од Covid-19. Од Google велат дека овие сертификати ќе бидат еквивалентни со 4 годишна диплома од факултет кон соодветната професија.

Трите нови курсеви со можност за понатамошно вработување во нивината компанија се: Аналитичар на податоци, Менаџмент на проекти и Дизајн на кориснички интерфејс.

Покрај ова, тие соопштија дека ќе инвестираат и 10 милиони долари во грантови кон заедниците во САД.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments