Google Pixel 4a ќе биде претставен на 3ти август

Google Pixel 4a претставен на 3ти август

Гласините сугерираат дека Google Pixel 4a со 128GB простор за складирање ќе чини 349 долари.

Дојавувачот и YouTube блогер Џон Просер објави најнови информации за Google Pixel 4a телефонот, тврдејќи дека уредот „100%“ ќе биде претставен на 3. август.

Првобитните гласини сугерираа дека Pixel 4a ќе биде објавен во мај, а потоа објавата беше одложена за јуни и јули, по што повеќе не беше познато кога би можел да биде претставен Pixel 4a.

Google Pixel 4a ќе има 5.81-инчен FHD+ OLED дисплеј, Snapdragon 730 чипсет, 6GB RAM, 3080mAh батерија со 18W брзо полнење.

На задната страна ќе се најде истата 12.2MP камера како кај Pixel 4 и Pixel 3 сериите. Од предната страна ќе биде сместен 8MP Sony IMX355 сензор за селфи фотографии.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments