Google Pixel 4a со Snapdragon 730G чипсет

Google Pixel 4a претставен со Snapdragon 730G чипсет

Google Pixel 4a ќе биде достапен само во Just Black варијанта, по цена од 340 евра во Европа, а ќе се продава од 20. август.

По месеци гласини и нагаѓања, Google Pixel 4a телефонот е официјално претставен. Оваа година не ја добивмеXL верзијата, па достапниот Pixel пристигнува со големина на екранот од 5,81 инчи.

Смартфонот го покренува Snapdragon 730G чипсет, со 6GB RAM и 128GB простор за складирање. Не постојат верзии со повеќе простор за складирање, а нема ни опција за проширување преку microSD картички.

Дисплејот од 5.81 инчи е OLED со 1080 x 2340p резолуција и 19.5:9 однос на страници. Во дисплејот се наоѓа punch-hole отвор за 8MP предна камера во горниот лев агол на екранот.

На задната страна се наоѓа една 12.2MP 1/2.55″ камера со 1.4µm пиксели и f/1.7 отвор на бленда, која поддржува Night Sight, Portrait Mode, Top Shot и други режими. Присутна е и оптичка стабилизација на сликата.

Pixel 4a го напојува 3140mAh батерија со поддршка за Power Delivery 2.0 стандардот до 18W. Уредот има и 3,5 мм приклучок за слушалки.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments