Google почна да остранува апликации од Play Store

Google почна да остранува апликации од Play Store

Google, острани неколку апликации кои се наоѓаат на Play Store. Повеќето од остранетите апликации се апликации за убавина.

Технолошкиот гигант Google со седште во САД, одлучи да ги острани апликациите од Play Store за кои доби жалби дека ги оптеретуваат телефоните.

Најмалку 38 апликации се одередени како ризични. Овие апликации покажуваа реклами незавизно од корисникот. Предвидено е дека овие апликации се развиени од страна на иста група. Групата, со цел да ги заобиколи безбедносните протоколи поставени од Google, успеа да пристапи до официјалните услуги на Play Store со блокирање на злонамерната функција за реклама во изворниот код.

Апликации за убавина

Овие апликации се откриени од страна на копманија за безбедност со назив White Ops. Компанијата наодите ги испрати на Google за да ги острани апликациите. Повеќето од овие апликации се апликации за убавина. Овие апликации, по инсталирање ви предизвикуваа независни реклами, исто така го пробуваат бровсерот да го отворат и да ве пренасочат на други веб сајтови. Исто така иконата може да се сокрие и да го спречи остранувањето од телефонот.

Овие апликации се подобрен или ажуриран сервис на веќе постоечки сервис. Иако овие апликации се прифатени од  Google, местото во продавницата не им траеше долго и после неколку недели се остранети.

Развивачите пробаа неколку начини за апликациите повторно да завземат место во продавницата. Отстранувањето на злонамерниот код што предизвика прво да се отстрани апликацијата беше еден од овие чекори. Сепак, откако апликацијата беше инсталирана во продавницата, додадени се кодови со ажурирања на податоци. Програмерите користеле арапски знаци за да ги сокријат штетните карактеристики. Google изјави дека ќе ја зголеми безбедност за сомнителни ажурирања, како што е наведено во извештајот на White Ops.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments