Google развива лаптоп Chromebook

Google развива лаптоп Chromebook со два екрана

Уредот го носи кодното име Palkia, а кодот во рамките на Chrome Gerrit јасно укажува на втор екран на допир на лаптопот.

Забележано е и споменување на таблет мод, но не е познато дали се мисли на преклопниот формат со два внатрешни дисплеја или на конценционалниот дизајн на преклопување со еден екран однадвор и еден од внатрешната страна.

Кога се во прашање лаптопите со Windows платформа, на располагање се широк спектар дизајни и формати, а најновата иновација се моделите со два екрана.

Од друга страна, на полето на Chromebook уреди немаше премногу експериментирање. Ова би можело да се промени, бидејќи неодамна откриениот код сугерира дека Google работи на Chromebook уред со два екрана.

Меѓутоа, коментарот на програмерите укажува и тоа дека Palkia не е OEM уред, што значи дека во прашање е прототип за тестирање. Тоа може да значи дека во некоја поскора иднина можеби не би требало да се очекува преклопен Chromebook со два екрана.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments