Чарлс Гешке, коосновач на Adobe, почина на 81-годишна возраст!
Google со апликација што чита хиероглифи
Google jа претстави својата нова програма наречена Fabricius https://artsexperiments.withgoogle.com/fabricius/en, која се користи како преведувач за египетски хиероглифи, односно дешифрирање на ова древноегипетско писмо.
Оваа функција е веќе дел од постоечката апликација „Уметност и култура“. Сепак, во теорија, би требало програмата уште повеќе да се усоврши. – Иако е импресивно, таа сѐ уште не е на ниво да биде замена за високообучен стручњак за читање древни натписи.
Сепак, ова е чекор кон тој пат, истакна д-р Роланд Енмарк – професор по египтологија на Универзитетот на Ливерпул.
Откривањето на софтверот се поклопува со годишнината од откривањето на Каменот од Розета во јули 1799 година. Тоа е еден од најзначајните наоди во египтологијата. Фабрициус во овој миг е достапен на англиски и арапски јазик.
Софтверот овозможува корисникот да вчита фотографии од хиероглифи што се наоѓаат на артефактите и, дигитално да го подобри своето знаење и проучувањето на анализата на тие симболи, како и деловите што недостасуваат и се избришани.