Google го забрзува циклусот на објавување на Chrome на секои четири недели!
Verified Calls од Google ќе го прикажува бизнисот кој ве бара
Функцијата на почеток ќе биде достапна во САД и ограничен број на други земји, но се најавува поголемо проширување во иднина.
Една од предностите за користење на Phone апликацијата од Google, наместо таа која доаѓа со вашиот телефон, е можноста за брзо пребарување на локалните бизниси, односно нивните телефонски броеви.
Verified Calls е името на новата функција и на корисниците им овозможува да можат да му кренат на непознатиот повик преку подобра информираност за истиот, преку ставање на името на бизнисот, неговото лого, ознаката дека повикот е верификуван, како и, интересно, причината за повикот.
Оваа нова функција сигурно ќе направи да корисниците се почесто се одлучуваат за Phone апликацијата од Google, која веќе не е ексклузивно достапна само за Pixel телефоните.
Моментално е достапна на одредени Samsung уреди во бета форма, но од Google најавуваат дека апликацијата официјално ќе стане достапна на повеќе уредите во неделата што следи.