Google Stadia направи попуст од 94% по грешка!

Google Stadia направи попуст од 94% по грешка!

Google Stadia сакаше да стави 67% попуст на играта NBA 2K20, но по грешка играта ја намали за 94%. Многумина играта ја купија за многу ниска цена.
Google Stadia во последно време прави попусти и за Pro и за нормалните членови. Иако попустите сеуште траат во некои земји, очигледно дека Google Stadia знае да направи големи грешки во попустите.
Според Твитот објавен од страна на корисник со име Duncan, Google Stadia направи поголем попуст од колку што требаше на играта NBA 2K20. Во нормални услови играта во другите земји требаше да биде на попуст од 67%, но во Обединето Кралство ја купија скоро за џабе.


Играта NBA 2K20 на попуст од 94%:


Според направената објава, корисниците од Обединето Кралство играта ја купија на 94% попуст. Така што играта која таму чини 39,99 стерлини, корисниците ја купија за само 2,40 стерлини. Дури според објавените твитови, грешката не е направена само за Обединето Кралство.
Според Dylan Roussel од 9to5Google, грешката е направена и за корисниците од Франција. Roussel исто така кажа дека NBA 2K20 која во Франција чини 49,99 евра, корисниците ја купија за само 3 евра. Попустот исто беше 94% како и во Обединето Кралство.
Според изјавите на Google Stadia, изјави дека попустот ќе биде 67%. Така што тоа значи дека Google Stadia направи огромна грешка. Засега не се знае што ќе се случи понатака со корисниците кои ја искористија оваа прилика.
Многу корисници ја искористија оваа прилика, но доколку станува збор за ваква грешка, очекуваме дека Google Stadia ќе им ги врати парите на корисниците и ќе им ги откаже купувањата.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments