GoPro HERO 8 се претвори во широкоаголна HD камера

GoPro овозможи HERO8 Black да се претвори во широкоаголна HD веб камера

GoPro објави дека премиум HERO 8 Black камера на компанијата сега функционира и како широкоаголна веб камера со 1080p резолуција. Корисниците можат да го ажурираат својот HERO8 Black модел преку бета верзијата на новиот апдејт и да ја инсталираат GoPro Webcam десктоп алатката.

GoPro Webcam десктоп алатката моментно е достапна за Mac OS корисниците, додека поддршката за Windows е во развој.

HERO8 Black за да се користи како веб камера, следете ги следните чекори:

– Инсталирајте бета камера firmware на својот HERO8 Black
– Инсталирајте ја новата GoPro Webcam десктоп алатка на својот компјутер
– Поврзете го HERO8 Black на компјутер со помош на USB-C кабелот
– По логирањето на компатибилната апликација за видео конференции, изберете го GoPro од листата на достапни извори за камерите.

Софтверот овозможува акциската камера да биде компатибилна со Zoom, Microsoft Teams, Google Meet, Discord и Bluejeans сервисите, а може да се користи и со Skype, Facebook Rooms, Messenger и Slack.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments