Gucci почна да произведува виртуелна облека

Креативците на Gucci размислувале за дизајнирање онлајн дигитална облека

Деновиве Gucci исто така почна да дизанира на дигитални платформи и се надева дека сериозните гејмери ќе сакаат да потрошат малку повеќе пари за нивните дигитални карактери да бидат облечени во луксузна облека.

Gucci склучилe партнерство со повеќе мобилни игри, меѓу кои Drest и Tennis Clash, чиишто играчи ќе можат да ги обелкуваат своите аватари во високата мода на Gucci.

Додека дел од таа дигитална луксузна мода е бесплатен и главно служи за рекламирање на брендот, корисниците трошат вистински пари, и тоа доста високи суми, за облека која никогаш нема да ја носта во реалниот свет.

Креативците на Gucci размислувале за дизајнирање онлајн дигитална облека неколку години наназад, а минатата година на мобилната апликација на Gucci се појавија и првите мобилни игри.

„Светот на модата и на мобилните игри имаат многу допирни точки“ велат од Gucci.

Gucci исто така склучил партнерство со Wildlife, компанијата која ја создаде играта Tennis Clash, каде што играчите можат да учествуваат во турнирот Gucci Open и да носат брендирана облека и патики за тенисери.

Ќе можете да ја купите дигитална верзија на тениската колекција на луксузниот бренд, вклучувајќи и јакна од 2.300 долари или маичка од 690 долари.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments