Honor MagicWatch 2 со нови режими

MagicWatch 2 добива 85 нови спортски режими

Honor MagicWatch 2 е паметен часовник од под-брендот на Huawei под името Honor. Најавен уште во ноември како втор паметен часовник,Honor сега изработи ново ажурирање што носи 85 нови спортски режими.

Кога часовникот беше објавен доаѓаше само со 15 режими на спорт. Со ажурирањето, сега имате вкупно 100 режими на спорт. Новите спортски режими вклучуваат сурфање, џет-скијање (мотор-чамец), кајакарство и веслање.

Honor MagicWatch 2 има 1,39 инчен AMOLED дисплеј со резолуција 454 x 454. Има двe физички копчиња од десната страна. Исто така, има вграден звучник и микрофон.

Исто како и Huawei Watch GT 2, тој исто така се напојува со процесорот Kirin A1. Има 4 GB меморија и 32MB RAM меморија. Некои од неговите карактеристики вклучуваат 24-часовно следење на срцевиот ритам, следење на спиењето, мерење на SpO2 и мониторинг на стресот.

Паметниот часовник има GPS, NFC, Wi-Fi од 2.4GHz и Bluetooth 5.1. Неговата батерија од 455mAh треба да трае до 2 недели со едно полнење со стандардна употреба. Траењето на батеријата се спушта на 30 часа со вклучен GPS.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments