Huawei и ZTE прогласени за закана на безбедност

Huaweu и ZTE официјално прогласени за закана по националната безбедност на САД

Американската Федерална комисија за комуникации (FCC) официјално ги прогласи кинеските компании Huawei и ZTE за закана по националната безбедност.

Американските компании веќе подолг период се натпреваруваат со Huawei во развојот на 5Г технологијата. Вашингтон тврди дека Huawei може да ја користи технологијата за шпионирање во корист на Кина.

Назначувајќи ги Huawei и ZTE како закани за националната безбедност на САД, FCC им дозволува на телекомуникациските провајдери да користат пари од владини субвенции преку Фондот за универзална услуга од 8,3 милијарди американски долари за купување опрема од компаниите за нивните мрежи.

FCC уште во ноември минатата година ги прогласи Huawei и ZTE за ризик по националната безбедност на САД.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments