Huawei ќе произведува свои процесори

Huawei ќе произведува свои процесори за кои не е потребен американски хардвер

Кинескиот производител допрва треба да се соочи со последиците од новите агресивни санкции на американската влада.

Пред само неколку дена истече привремената лиценца за Android Huawei, која нема да биде обновена, барем засега.

Агресивните активности против компанијата го опфаќаат и синџирот на снабдување. Ова е уште поголем проблем, бидејќи го спречува Huawei да купува хардвер од компании што користат американска технологија.

Ова покренува сериозни прашања во врска со идната стратегија на Huawei на глобалниот пазар на смартфони.

Откако е исклучена од ланецот на производство и снабдување, на компанијата и останува само една опција, имено самостојно да ги произведува процесорите за своите уреди.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments