Huawei Mate 40 со глобална премиера на 15 октомври

Huawei Mate 40 со глобална премиера на 15 октомври

Извршниот директор на Huawei, Ју Ченгдонг неодамна вети дека серијата паметни телефони Mate 40 ќе се појави на пазарот според однапред поставениот распоред во средината или најдоцна до крајот на октомври. Сега премиерата на новите предводници е потврдена од кинески извори.

Официјалниот месинџер канал на Huawei, WeChat, објави дека глобалната премиера на Mate 40 ќе се одржи на 15 октомври. Презентацијата на новата линија паметни телефони пред кинеската публика е закажана за една недела подоцна – на 22 октомври.

Кинеските потрошувачи ќе можат да купат смартфони Huawei Mate 40 на крајот на октомври, но сè уште не е објавено кога уредите ќе бидат достапни за потрошувачите на другите пазари.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments