Huawei може да биде исклучен од полската 5G мрежа

Може да бидат насочени кон исклучување на Huawei

Соединетите држави велат дека опремата на Huawei би можела да ја користи Кина за шпионирање, што е официјално негирано од Huawei и Пекинг.

Планираните критериуми на Полска за проценка на ризикот од давателите на телекомуникациска опрема се политички и може да бидат насочени кон исклучување на Huawei од развојот на 5Г мрежата во земјата, соопшти кинеската компанија.

Полска објави нацрт Закон за сајбер безбедност, со кој им се дава на заинтересираните страни 14 дена да коментираат.

Законот вели дека давателите на телекомуникациска опрема, ќе бидат поделени во четири групи во зависност од нивната потенцијална закана за сајбер безбедноста на Полска.

Дали снабдувачот може да биде под влијание на земја надвор од Европската унија или НАТО или дали нивната матична земја ги почитува човековите права.

„Критериумите што се предложени се политички, не се мерливи, не се транспарентни и не се објективни“, рече Ришард Хордински, директор за стратегија и комуникации во Huawei во Полска.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments