Google го забрзува циклусот на објавување на Chrome на секои четири недели!
Huawei со најмногу продадени смартфони во втората четвртина од 2020
Според аналитичката компанија Canalys, првпат после 9 години покрај Samsung и Apple Huawei го има првото место на пазарот на смартфони.
Со продадени 55,8 милиони уреди, Huawei го презема првото место кое долго време го држеше Samsung, со раст на продажбата во споредба со втората четвртина од 2019 од 5%.

Причината поради која Huawei успева да го преземе првото место од Samsung се должи на падот на продажбите на оваа компанија за дури 30% во споредба со втората четвртина минатата година.
Сепак, поради проблемите кои ги има Huawei со властите во САД, успехот во главно се должи на зголемената продажба на кинескиот пазар од 8%, со што оваа компанија 70% од своите продажби ги прави во својата земја.
Промената на местата на пазарот на смартфони е интересни да се види дали ќе остане подолго време или се работи само за краткорочна промена поради коронавирусот.