Huawei започна со продажба на P40 Pro+

Huawei официјално го пушти во продажба P40 Pro+

Huawei P40 Pro+ е Android телефон, кој доаѓа со официјалната продавница за апликации на Huawei – AppGallery, која постојано се збогатува со омилените глобални и локални апликации, веќе е достапен во продавниците на Сетек, по препорачана крајна цена од 79,990 денари.

По успешното лансирање на Huawei P40 Pro и P40 lite оваа година, и врвниот претставник на серијата – Huawei P40 Pro+ од овој месец веќе е достапен и на македонскиот пазар, со револуционерна, петкратна Ultra Vision Leica камера и дизајн на телото базиран на керамика.

Во април 2020 година, TIPA (Technical Image Press Association) ја додели престижната награда за мобилна фотографија TIPA World Awards 2020 на трите водечки паметни телефони – HUAWEI P40, HUAWEI P40 Pro и HUAWEI P40 Pro+.

Според TIPA, ова се најдобрите смартфони за фотографии од 2020 година. Ова е четврта година по ред во која серијата HUAWEI P е призната од TIPA за многуте исклучителни функционалности и решенија што ги сакаат и користат професионалните и аматерски фотографи.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments