Hyundai го претстави IONIQ брендот

Новиот електричен бренд на Hyundai

Во 2015 година, Hyundai официјално го создаде подбрендот за своите луксузни автомобили наречен Genesis, сега Ioniq стана името на подбрендот за електрични возила.

Подбрендот Hyundai Ioniq e создаден за поддршка на Стратегијата 2025 според која има намера да продаде 560.000 електрични возила.

Целта на компанијата е да стане трет по големина производител на еколошки возила до 2025 година.

Со најавата за подбрендот стигна и најавата за три електрични модели:

Првиот ќе ја носи ознаката Ioniq 5, а станува збор за електричен кросовер базиран на концептот Hyundai 45 кој дебитираше минатата година на Саемот за автомобили во Франкфурт.

Вториот модел е седанот Ioniq 6 заснован на концептот Prophecy виден порано оваа година, а производната верзија ќе дебитира дури во 2022 година.

Ioniq 7 е третиот модел што се очекува, а станува збор за електричен теренец.

Новите модели ќе користат нова платформа наречена Electric Global Modular Platform (E-GMP), која треба да овозможи брзо полнење и подолго траење на батеријата.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments