И Германците возат стари коли

Просекот на автомобилите е речиси 10 години

German car marks in top three places on Romanian premium used car ...

Автомобилите на Германците се постари од кога било досега, а ова го покажува истражувањето според кое дури 9,7 проценти од вкупно 47,7 милиони патнички возила се постари од 20 години. Просечната возраст на патничките автомобили на германските патишта е 9,6 години што е рекордна возраст во Германија.Во овој негативен европски просек Германија е зад Луксембург (6,4 години), Велика Британија (8), Австрија (8,2), Италија (8,4) и Франција (9). На крајот на листата е Литванија каде што просечната возраст на возилата е речиси 17 години. Повеќе од 23,4 проценти од возилтат во Германија се постари од 15 години. Затоа стручњаците од оваа област бараат идно активирање на политиката.Фердинанд Дуденхефер од центарот за автомобилско истражување на Универзитетот во Дуизбург вели дека овие бројки се јасен сигнал бидејќи покажуваат колку е голема шансата со вистинска програма да се даде поттик на економијата и силен импулс за германскиот пазар на автомобили бидејќи со самото стимулирање на побарувачката е можно во тешките и несигурни времиња да се постигне нешто.Тој смета дека била грешка што автомобилите на фосилно гориво испаднале од програмата за поттик укажувајќи со тоа дека не може да се постигне ништо во борбата против климатските промени, а не може ниту да се допринесе за закрепнување од најлошата рецесија од Втората светска војна.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments