Илон Маск го објави дизајнот на новата Гигафабрика во Берлин

Фабриката ќе биде првата за комплетно производство на автомобили „тесла“ во Европа

Image

Илон Маск го објави дизајнот за новата Гигафабрика (Tesla Gigafactory) на Tesla Inc. што започнува со изградба во Берлин. Планот за изградба на Гигафабрика беше најавен уште во ноември 2019 година.Новата ќе биде прва фабрика за комплетно производство на Tesla автомобили во Европа. Проблем со Гигафабриката во меѓувреме излезе поради протестите на жителите што беа против сечење на шумата
на локацијата на која ќе се гради фабриката, а подоцна настапи и пандемијата со коронавирусот.
Изградбата на објектот за производство сепак продолжува, а сега за прв пат го имаме објавено и дизајнот на фабриката. На сликата објавена се покажува футуристичен дизајн кој се разликува од дизајните на гигафабриките на компанијата во Шангај и во Невада, кои се слични една на друга. На сликата се гледа дека на покривот на фабриката има многу соларни панели со кои ќе се снабдува со енергија.

Маск планира да ја почне изградбата на новата фабрика во јули 2021, односно по точно една година.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments