Instagram го претстави Reels својот конкурет на TikTok

TikTok повторно е во центарот на вниманието во технолошката индустрија

Веќе ве информиравме дека „Мајкрософт“ има 45 дена да го финализира договорот со „ТикТок“, а овој рок го даде лично од Доналд Трамп и истекува на 15 септември.

Неизвесностите за иднината на апликацијата сега го натераа Фејсбук да преземе стратешки потег за да ги искористи тензиите против TikTok.

Instagram кој е во сопственост на компанијата Facebook, сега официјално ја претстави функцијата Reels на корисниците во повеќе од 50 земји во светот.

На овој начин, Фејсбук се надева дека ќе го привлече интересот на поголема публика, вклучувајќи ги и најактивните автори на содржини на конкурентската платформа.

Како и TikTok, новата апликација им овозможува на корисниците да создадат забавни и оригинални видеа кои се надополнети со музичка позадина.

Reels Instagram има ограничување на содржината од 15 секунди, богата колекција песни и многу дополнителни филтри за да ја искажат својата креативност.

За да започнете со користење на Reels, треба да се најавите на вашата сметка и да ја изберете иконата за камера во горниот лев агол. Започнување со видеото се врши со избирање на табулаторот Reels од левата страна на екранот.

Корисниците можат да користат уште неколку делови како што се Аудио, Брзина, Ефекти и Времиња за да ги создадат своите видеа.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *