Mac Intel моделите нема да го поддржуваат новиот Windows 11!

Според најновите вести, нема да биде можно да се користи оперативниот систем Windows 11 на Mac моделите со Intel процесори.

Windows 11, следниот нов, оперативен систем, беше неодамна претставен од Microsoft. Од друга страна, не секој ќе може да ја инсталира новата верзија, која има обновен дизајн, па дури и можност за извршување апликации за Android. Дополнително, Windows 11 нема да биде официјално поддржан од ниту еден Mac со Intel процесор.

Во моментов, единствената опција за оние кои сакаат да го користат Windows 11 на Mac ќе биде користење виртуелна машина. Нема да можете да го користите новиот оперативниот систем ниту преку Boot Camp опцијата.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments