Intel со голема објава на 2 септември

Intel најавува голема објава за 2 септември

Intel им испрати покани на претставниците на медиумите, за live настанор кој ќе биде одржан на 2 септември. Компанијата не објави детали за содржината на овој настан, но може да се насети што не очекува.

Intel веќе навести дека 11та генерација на процесори на компанијата ќе биде претставена во текот на летот, по што е објавен и тизер за Xe iGPU перформансите.

Во меѓувреме се појави и листинг на уреди опремени со Tiger Lake процесорите, како и бенчмарк тестови на чиповите со оваа архитектура. Засновано на сето ова, септемвриската објава на Intel би можела да биде во врска со Tiger Lake производите.

Tiger Lake е најавен во текот на CES 2020 настанот, а би требало да биде лимитиран на лаптопите. Според наводите, Tiger Lake ќе има Xe GPU, 10nm+ производен процес, што чиповите ќе ги направи конкурентни на Ryzen 4000 мобилните процесори.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments