Intel Xe DG1 GPU пристигнува во текот на оваа година.

По пауза од 20 години, Intel се враќа на пазарот на засебните графички карти.

Компанијата својот GPU колективно наречен Intel Xe го подели во четири категроии: LP (low-power), HPG (high-performance gaming), HP (high-performance) и HPC (high-performance compute).

DG1 е актуелниот LP производ на компанијата и има неколку имиња. Како карта за програмерите, го носи името FG1 SDV, додека во лаптопите GPU е познат како Iris Xe Max i Iris Xe Graphics. Но, во сите случаи се работи за истиот производ, кој има 96 EU (Execution Unit) и креиран е на интеловиот 10nm SuperFin процес.

Протечените информации од различните бази на податоци покажуваат дека DG1 има работен такт до 1.5GHz, а спарен е со до 3GB видео меморија.

Од Intel пристигнуваат информации дека Xe DG1 GPU ќе биде во системите на неколку производители подоцна во текот на четвртиот квартал оваа година. Тоа сугерира дека графичката карта би можела да биде достапна само во однапред креираните десктоп системи.

Исто така, прв пат е споменат DG2 моделот, кој е опишан како HPG производ, а според некои информации, овие графички карти би можеле да имаат помеѓу 128 и 512 EU.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments