iOS 14 достапен за сите корисници

Јавната бета за iOS 14 достапна за сите корисници

Кон крајот на минатиот месец, Apple во текот на својата WWDC конференција ја најави следната верзија на iOS оперативниот систем.

По конференцијата, iOS 14 им стана достапен на програмерите, овозможувајќи им да почнат со подготовка на апликациите. Сега јавната бета за платформата е достапна за сите корисници.

Покрај наведеното, дополнителните новитети вклучуваат подобрување на корисничкиот интерфејс (ново и редизајнирано повикување, Siri UI), picture in picture режим за iPhone уредите, подобрување на приватноста и новата апликација за преведување.

iOS 14 претставува поголема надградба за iPhone уредите, а најновата верзија имплементира преработен почетен екран, со виџети кои се достапни преку Home screen. Додаден е и smart app drawer (App Gallery) за нови начини на интерација со инсталираните апликации.

Оние кои сакаат да и пристапат на iOS 14 јавната бета, потребно е да одат на Apple beta сајтот, да го регистрираат својот профил за бета пристап, а потоа да го преземат бета профилот кој ќе им овозможи да им пристапат на новитетите кои ги нуди iOS 14.

Секако, корисниците можат да очекуваат проблеми со перформансите и потрошувачката на батерија, бидејќи сите опции од бета верзија се уште во фаза на тестирање.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments