iOS 14:Промена на тастатурата

Извонредна промена на тастатурата која дојде со iOS 14

На настанот на Светска конференција за развивачи (WWDC) беше официално претставен новиот оперативен систем iOS 14. Како една од новостите воведени со iOS 14, е воведениот дел за емоџиња.

Светската конференција за развивачи 2020 (WWDC), организирана од амеркианскиот технолошки гигант Apple, за прв пат во својата историја заради епидамијата коронавирус беше емитувана онлајн и започна во 19:00 часот. После долго време Apple официјално го претстави новиот iOS 14 на настанот кој ќе трае до 26 јуни.

Корисниците на iOS 14 ќе се соочат со иновации како што се виџети на почетниот екран, App Library што автоматски ги организира вашите апликации, режимот Picture in Picture, поддршка за промена на стандардните апликации за е-пошта и интернет.

Сега е многу полесно да ги пронајдете емоџи на вашата тастатура

Покрај сите иновации, корисниците бараа емоџи од  Apple. Во суштина, ова е карактеристика што апликациите за тастатура како Swiftkey веќе ја нудат, но недостатокот на функција за пребарување емоџи вградена во тастатурите на iPhone се сметаше за голем недостаток.

Конечно Apple со новиот iOS 14 се реши да ја затвори оваа празнина. Од сега понатака ќе има поле за пребарување на вашето посакувано емоџи. Иако интерфејсот изгледа малку чудно во првиот бета развивач на iOS 14, се надеваме дека со тек на време ќе се подобри.

Кога ќе допрете на емоџи иконата која се наоѓа на десната страна од тастатурата, над емоџињата ќе видите едно поле за пребарување каде потребно е да напишете клучен збор како „Среќен“ и многу полесно ќе можете да го најдете вашето посакувано емоци.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments