Функција за гласовни и видео повици пристигна во десктоп верзиите на WhatsApp!
Стандардниот iPhone 12 изгледа помал
Digital Chat Station објави две фотографии за кои тврди дека го прикажуваат 5,4-инчниот екран на iPhone 12, а на една од нив се и неговите прсти, со што покажа дека уредите лесно ќе можат да се користат и со една рака.
Веќе некое време се шпекулира дека основниот модел на iPhone 12 ќе има компактен 5,4-инчен екран, а сега се појавија и првите вистински фотографии од овој дисплеј.
Се чини дека фотографиите го покажуваат уредот на производната лента, што значи дека веројатно потекнуваат од фабриката во која масовно се произведува iPhone 12.
Забележително е дека и натаму останува големиот засек (notch) на екранот, така што уредот наликува на iPhone 11, но е помал.