iPhone 12 ќе биде со помал екран од iPhone SE

iPhone 12 ќе биде со помал екран од iPhone SE

iPhone 12 кој се очекува набргу Apple да го претстави, иако ќе има поголем екран од iPhone SE сепак ќе има покомпактен дизајн.
Оваа година се очекува дека Apple ќе претстави 4 уреди iPhone 12. Почетниот уред од серијата се очекува да биде со екран од 5,4 инчи како iPhone SE кој го претстави пред неколку месеци. Според некои информации, овој телефон ќе има покомпактен дизајн.

iPhone SE 2020 има помал екран од 4,7 инчи. Уредот во износ од 399 долари иако е со поевтина цена сепак има одлични карактеристики. Така што на потрошувачите им се допадна повеќе од очекуваното. За разлика од новите телефони, на долната страна од екранот уредот содржи големо копче за фингерпринт.

YouTube каналот со назив EverythingApplePro кој е познат по видеата за Apple, сподели видео кое ни овозможува да имаме некакви мисли во врска со новиот iPhone 12. Споредувајќи го iPhone SE 2020 со iPhone 12, јутуберот ни докажа дека 4,7-инчниот iPhone SE е физички поголем од 5,4-инчниот iPhone 12.

Apple му остави сосема големи рамки на iPhone SE кој го лансираше пред неколку месеци. Овие рамки ги острани на новиот помал уред. Така што, иако екранот е поголем сепак имаме покомпактен дизајн.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments