iPhone кој се приклопува: iPhone 12 Flip

iPhone кој се приклопува: iPhone 12 Flip

Apple сеуште не направи никаков чекор во врска со телефоните кои се приклопуваат. Така што за сега дизајнот на iPhone кој се приклопува, останува во рацете на љубителите на Apple. Новиот концепт на iPhone кој се приклопува, нуди повторно iPhone да го збира во нашите џебови.

Новите паметни телефони кои се приклопуваат, ни се појавија минатата година. Иако компании како Samsung, Motorola и Huawei имаат таков телефон, Apple сеуште не направи никаков чекор на таа тема.

Корисниците поради тоа што се плашат од екранот кој се приклопува, сеуште немаат 100% доверба во тие телефони. Иако сите знаат дека Apple потајно работи на таа тема, сепак сега за сега одбира да ги разгледува Android компаниите. Еден YouTube канал под име  ConceptsiPhone сподели како би требало да изгледа iPhone 12 Flip.

Да видиме како би изгледал iPhone 12 Flip

Во видеото на ConceptsiPhone комапктен iOS телефон со екран за известување на неговиот капак. Екранот се склопува вертикално како Samsung Galaxy Z Flip и нуди голем екран кога ќе се отвори. Екранот нема изрез, но дупката на камерата се наоѓа во горниот центар на екранот.

Рамките на екранот се скоро целосно остранети. Покрај трите камери  на задниот дел на iPhone 12 Flip, се наоѓа и сензорот LiDAR, кој првпат беше претставен со iPad Pro 2020 и се очекува да го има и на iPhone 12.

Сите објави и изјави ни докажуваат дека iPhone 2020 година нема да содржи телефон кој се приклопува, туку дека ќе биде само обновена верзија на iPhone 11. Ова се само замислувања на фановите на Apple.

Ова е промотивното видео на iPhone 12 Flip

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments