Истражувањето покажува, IPhone 11 е најиспорачуван смартфон во првата половина на 2020
По соопштението дека IPhone 12 доаѓа, истражување направено од Omidia открива дека IPhone 11 е смартфон кој најмногу бил испорачуван низ светот во првата половина на 2020, додека други модели на IPhone завземаат место во топ 10.

IPhone 11 го следи успехот на неговиот претходник IPhone XR од минатата година кој стана најиспорачуван смартфон во 2019та. Но Omidia забележува дека овогодинешниот модел остварил околу 11 милиони порачки повеќе, за разлика од IPhone XR.
И со пандемијата од COVID-19, IPhone не само што успеа да ја стабилизира побарувачката, туку и ја зголеми.