ITFIT безжичниот полнач на Samsung

ITFIT е безжичен полнач од Samsung кој има и УВ светло

Samsung, најверојатно само во една земја за почеток, претстави безжичен полнач за мобилни и други уреди, кој се затвора и притоа ги дезинфицира со вградените УВ светла.

Според тоа што е набројано дека може да се дезинфицира, Sars-COV-2 не е спомнат, но уште ретко се наоѓа производ кој тврди дека го убива овој вирус.

Сепак, според доста тестирања, УВ светлината успешно го убива овој вирус, кој иако го нарекуваме нов, е дека од група на веќе познати вируси кои имаат одредени заеднички карактеристики.

Времето кое е потребно да биде дезинфициран еден уред во ITFIT е 10 минути, но јасно е дека корисникот најчесто ќе го остава својот уред многу повеќе поради тоа што ретко кој уред е доволно да се полни само 10 мин.

Големината на ITFIT е доволна за да го собере големиот Galaxy S20 Ultra, што значи дека ќе нема проблем да ги собере повеќето телефони на пазарот.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments