Избришавте СМС порака по грешка? Еве како да ја вратите назад.

Враќањето на избришани СМС пораки на Android смартфон не е лесна задача.

Најбрзиот и најефикасниот начин е да користите Google Drive, или често да правите резервни копии на вашите податоци (backup)

Се разбира, СМС пораките не одат во „корпа за отпадоци“, туку се бришат од уредот. Сепак, како и за повеќето софтверски работи, решение има.

Не можете да спасите сè со овој метод, но не ве чини ништо да се обидете.

Како да вратите избришана СМС порака со Google Backup?

Многу уреди со Android се конфигурирани автоматски да прават резервна копија на Google Drive. Ако вашиот телефон го прави ова автоматски, можеби ќе можете да ги спасите избришаните пораки.

За жал, дури и ако направите резервна копија пред да ја избришете текстуалната порака, ќе мора да го вратите телефонот на фабрички поставки, а потоа да му ја вратите целата резервна копија. Постапката е долку долга колку што ви звучи и може да резултира во губење на податоците создадени по преземањето на резервната копија.

1. Стартувајте го Google Drive.

2. Изберете ги трите хоризонтални „цртички“ во горниот десен агол, а потоа Backups.

3. Ако го видите делот This Device, изберете ја резервната копија.

4. На страницата Details пронајдете го делот каде пишува SMS и проверете го датумот на последната резервна копија. Ако датумот е порано од денот кога сте ја избришале пораката, можна е опција за ресетирање на телефонот.

Ако не, сте немале среќа!

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments