Изјава на Tim Cook во врска со починатиот “George Floyd”

Изјава на Tim Cook во врска со починатиот “George Floyd”

Во е-маилот кој CEO на Apple Tim Cook го испрати нa своите вработени, искажа дека е тажен поради смртта нa George Floyd, лицето убиено од страна на полициските еdиници за време на приведување. Исто така, Cook изјави дека ќе донира средства на невладини организации кои се борат против рацизам.

САД кои веќе долго време се мачат со КОВИД-19 вирусот, одеднаш целата држава очите ги впери кон протестите предизвикани од смртта на George Floyd убиен од страна на полициски единици. Во Минеасота, еден полицаец, за време на приведување на George Floyd, со колено силно го притисна за неговото грло и така предизвика да му го отежне дишењето поради кое почина.

Протестите кои произлегоа поради смртта на George Floyd, успеа да го стави коронавирус на втор план, протестите веќе се проширија низ целата земја.

Протестите го поминаа и шестиот ден

CEO на Apple, Tim Cook, одлучи да испрати маил со кој ќе си ги искaже своите мислења во врска со случувањата во САД.  Cook рече: “Во моментов, има длабоко оформена болка во душата на нашата нација и во срцата на милиони луѓе. Ние мора да се соочиме со стравот, дискриминацијата и лутината предизвикана од бесмислено убиство на George Floyd и расистичко минато.

CEO на Apple кој кажа дека рацизам и дискриминсција  кои започната во минато сеушто се присутни во нсшиот живот, кажа: “Ова го гледаме во нашиот правосуден систем, во здравствениот систем, нееднаквостите во соседските услуги и образованието што го добиваат нашите деца. Иако нашите закони се променија, вистината е дека законите се уште не се применуваат еднакво за сите “.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments