Измерена највисока температура во историјата на Лос Анџелес
Температурите во еден дел од територијата на Лос Анџелес достигнаа неверојатни 49 степени целзиусови во неделата, највисоки некогаш забележани во историјата во таа област. Измерената температура во долината Сан Фернандо беше за 2 степен повисока од претходниот рекорд што беше измерен во 2006.
Државите Калифорнија, Невада и Аризона моментално поминуваат низ опасен топлотен бран. Минатиот Август, топлината во Калифорнија предизвика огромни пожари во неколку делови од државата. Овој викенд пожарите се вратија и заробија неколку жители кој живеат во шумската околина на Калифорнија.