Извини Маск, вселенскиот интернет и не ти е така брз.

SpaceX ја започна бета-фазата од тестирање на сателитите Starlink кои ќе овозможат интернет низ целиот свет.

Ако не сте запознаени со оваа компанија, таа е основана од Елон Маск, а проектот Starlink има за цел да направи со coѕвездие од сателити што ќе обезбеди интернет до недостапни и рурални области.

Оваа недела беа лансирани уште 60 ракети, а вкупниот број на сателити испратени со ракетите Falcon околу планетата Земја е околу 900! Сите оние кои беа заинтересирани за овој интернет можеа да се пријават на нивниот сервис, а од оваа недела почна и рекламирањето на „интернетот на Маск“.

Па, колку ќе чини овој интернет? Под слоганот Better than nothing Beta, се појавија фотографии кои ги споделија сите оние кои добиле e-mail од оваа компанија. Судејќи според тие слики, месечната претплата на Starlink интернетот е 99 американски долари. Корисникот треба да плати дополнителни 499 долари за да ја добие целата опрема. За тие пари ќе добие сателит, монтажен статив и Wi-Fi рутер.

Се појави и апликација Starlink за Android и iOS уреди на Google Play Store, односно App Store.

„Како што можете да видите во насловот, се обидовме да ги намалиме вашите првични очекувања“, стои на почетокот на е-пораката, а потоа се зборува за брзината на интернетот.

„Очекувајте брзината на интернетот да се движи од 50 мегабајти во секунда (Mbps) до 150 Mbps, додека латенцијата (latency) ќе се движи од 20 милисекунди (ms) до 40 ms во следните неколку месеци додека ги зајакнуваме системите Starlink“.

Тие очекуваат дека до летото 2021 година латенцијата ќе биде 16 до 19 ms, но посочуваат дека сè ќе се подобри, и тоа е многу видливо. Интересно е што кога Starlink започна со пријави за бета-верзијата, повеќе од 700.000 луѓе се пријавија на истата низ САД. Целиот овој проект чинеше околу 10 милијарди долари за да се направи, но компанијата SpaceX очекува профит од 30 милијарди долари годишно, 10 пати повеќе отколку што добиваат годишно од ракети.

Целта е овој интернет најпрво да се појави во САД (веќе постои во некои делови на Тексас) и во Канада, а потоа и низ целиот свет до крајот на 2021 година, според описот на апликацијата Starlink. Имајте на ум дека ова е бета верзија и дека со текот на времето ќе се подобрува.

Елон Маск исто така најави дека овој интернет ќе им биде достапен бесплатно на руралните семејства во Тексас, САД.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments