Како Apple Watch ја исфрла водата од часовникот

Како Apple Watch ја исфрла водата од часовникот доколку влезе вода

Повеќето паметни телефони и часовници во денешно време доаѓаат со можноста истите да се користат одреден период и на одредена длабочина во вода, зависно од нивниот стандард за отпорност на вода.

Apple Watch доаѓа со оваа можност, а интересен е начинот на којшто овој часовник се враќа во состојба за безбедно користење по бањањето на корисникот.

Начинот на којшто се исфрла водата е преку звучниците кои пуштаат кратки високи тонови, слични на вибрации. Истите се пуштаат повеќе во серија, а помеѓу се прави пауза со цел да може што поголем дел од водата да биде исфрлен.

Apple Watch влегува во режим за во вода којшто го исклучува екранот за да не може да се користи додека часовникот е наводенет. По излегување од водата, корисникот треба да го придвижи страничното копче, по што часовникот ќе започне процедури која ја исфрла водата надвор од внатрешноста.

Како точно изгледа овој процес на исфрлување на водата најдобро може да се види преку видео снимен во бавен режим, а дечките од YouTube каналот „The Slow Mo Guys“ имаат направено токму такво видео.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *