Како изгледа Земјата гледајќи од Месечината

Набљудувањето на Месечината е величествена перспективна на сите луѓе

Набљудувањето на Месечината преку телескоп, фотографирање или едноставно лежење и гледање во ноќното небо е величествена перспективна на сите луѓе кои живеат на Земјата.

Комерцијалните патувања до Месечината ни претстојат допрва. Сепак, може да ги задоволиме нашите желби благодарение на иновативниот ум на планетарниот научник Џејмс O’Донахју.

Џејмс, кој претходно работел како соработник на НАСА во центарот за вселенски летови „Годард“, во Мериленд, САД, моментално работи за јапонската вселенска агенција.

Еден од неговите неодамнешни проекти составува збирка од фотографии од лунарната топографија, преку податоците на НАСА, создавајќи компјутерски приказ за тоа како би изгледала земјата од гледна точка на Месечината.

Видеото прикажува две перспективи – онаа на Земјата и онаа на Месечината, како што тие транзитираат во текот на месец април 2020 година.

Тој се надева дека неговото видео ќе ги истакне различните големини и агли на Месечината за време на нејзината ротација, нудејќи им на гледачите уникатна перспектива.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments