Се приближува официјалната објава на LG Wing
Се приближува официјалната објава на експерименталниот телефон на компанијата LG, под името Wing.
За уредот веќе се познати доста детали, а сега се појави ново видео што го прикажува ротирачкиот дисплеј на смартфонот во акција.
Обликот „Т“ што го креира ротирањето на екранот, секако е неконвенционален за актуелните телефони, но тоа важи и за комплетниот формат на LG Wing.
Покрај свежиот дизајн, останува да се види колку корисници ќе бидат подготвени да одвојат околу 1000 долари за Wing, посебно ако се земат во предвид гласините за тоа дека уредот нема да користи премиум чипсет.
LG Wing ќе биде официјално претставен следниот понеделник (14. септември), а дотогаш веројатно ќе видиме уште информации за необичниот уред.