Ќе се повлече Adobe Flash

Уште едно збогување со Adobe Flash.

Конечното повлекување би можело да започне следната година. Adobe најави дека на 31 декември престануваат цела дистрибуција и надградби на Flash Player.

Компанијата објасни дека до крајот на оваа година ќе има безбедносни надградби на Flash Player. Дополнително компанијата ќе ја отстрани веб-страницата за преземање на софтверот и ќе ја блокираат содржината.

Секако Flash нема да престане да постои по 31 декември. Софтверот ќе биде достапен за преземање на трети страници, но Adobe вели дека станува збор за неавторизиран софтвер кој е извор на малициозен код и вируси.

Пред речиси точно 5 години, Google , Twitch , Mozilla , Facebook , Youtube го заменија тогаш популарниот Flash со HTML5. Apple пак никогаш не го прифати Flash, а Стив Џобс беше еден од најголемите противници на технологијата.

Главна причина за повлекувањето и отстранувањето на Flash Player беа безбедносните пропусти, но и напредокот на HTML5 и CSS3.

Сепак 5 години подоцна Flash сè уште е тука. Adobe уште пред три години најави дека ќе го повлече од употреба, но тоа до сега не се случило.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments