Ќе знаете кога некој ве Озборува! Instagram и Messenger добиваат нова опција!

Messenger и Instagram добија нова возбудлива опција – пораки што исчезнуваат.

Ова е режим за пораки наречен „Режим на исчезнување“ и можете да го вклучите или исклучите во поставките на која било порака.

Овој режим може да се активира само ако двете страни се согласат – затоа, ќе биде потребно одобрување од сите вклучени во разговорот. Покрај тоа, ќе добиете известување доколку вашиот соговорник ја сними преписката на екранот, што веројатно значи дека тој го испраќа на некој друг.

За почеток, режимот Vanish ќе биде достапен во САД, а по некое време и во остатокот од светот.

Vanish Mode се претпоставува дека е обид на Facebook да привлече помлада публика. Имено, младите се повеќе се префрлаат на социјалните мрежи кои нудат можност за исчезнување на пораки и објави, за да се осигурат дека нешто од минатото нема еден ден да ги чини скапо.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *