Кина ќе изгради повеќе од 600 илјади базни станици

5G технологијата станува реалност

Испораката на 5G телефони само во Кина достигна до 17,52 милиони единици само минатиот месец,покажуваат податоците на Кинеската академија за информатичка и комуникациска технологија CAICT.

Оваа бројка изнесуваше претходниот месец 61,2 отсто од вкупната испорака на мобилни телефони во земјата,и се разликува со онаа во месец мај (46,3%).

Според информатичката академија, Кина само во првата поливина од 2020 година претстави 105 5G модели со вкупна испорачка од 63,5 милиони единици.

Испорака на 5G телефони на кинескиот пазар бележи експлозивен раст уште од втората половина на 2019 година, изградбата на 5G станици исто така расте.

Во извештај од меѓународната консултанска фирма Deloit се потенцира дека Кина очекува да го види првиот бран на потрошувачка на 5G технологијата многу брзо со што сето тоа треба да стане вообичаено.Мрежното покривање постојано се шири и цената на 5G телефоните значително се намалува.

Министерството за индустрија и информатичка технологија на Кина претходно соопшти дека земјата ќе ја забрза изградбата на 5G мрежата, при што повеќе од 600.000 базни станици се очекува да бидат изградени на национално ниво до крајот на годината.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments