Кина отвора истрага за Google.

Кина се подготвува да отвори регулаторна истрага за Google за да ги провери тврдењата дека ја користел доминацијата на својот оперативен систем Android за да ја истисне конкуренцијата.

Отворањето истрага го предложи минатата година телекомуникацискиот џин Huawei Technology, а главниот регулатор го проследил неговото барање до регулаторниот одбор, кој ќе го анализира.

Одлуката за отворање официјална истрага може да биде донесена веќе во октомври, а на неа би можел да влијае односот на Кина и САД, кажал еден од изворите.

Потенцијалната истрага се надоврзува на низата потези со кои адмнистрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да ги заузда кинеските технолошки компании тврдејќи дека претставуваат закана за националната безбедност.

Вашингтон ја стави Huawei на трговската црна листа, а со сличен потег му се закани на произведувачот на чипови Семикондактор мануфакчуринг интернешнал корп (СМИК), додека на сопственикот на TikTok Бајтденс му наложи да го продаде американскиот дел од социјалната мрежа.

Најавата за можна истрага временски се поклопува и со опсежните измени на кинеските закони за пазарен натпревар, кои вклучуваат драматично зголемување на максималните парични казни и проширени критериуми за проценка на контролата на пазарот.

Истрагата би се занимавала и со обвинувањата дека пазарната позиција на Гугл можела да им нанесе „екстремна штета“ на компаниите како Хуавеј бидејќи губењето на поддршката од Google на оперативните системи засновани на Android довело до губење на довербата и приходите.

Изворите не биле овластени јавно да зборуваат за таа тема па побарале анонимност. Google не одговара на барањата за коментар, додека Huawei одбил да ја коментира информацијата за можна истрага.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments