Кинезите на Месечината откриле чуден гел

Научниците идентификувале необична светлечка материја во форма на гел

Научниците идентификувале необична светлечка материја во форма на гел ,забележана од кинески ровер „Јуту-2“ на темната страна на месечината (која не е свртена кон нас) минатата година.

Според анализата на сликите и споредбата со примероците донесени од мисијата Аполо од Месечината на Земјата, станува збор за карпа.Поточно, стопена карпа која, веројатно по ударот од метеорит, се претворила во темно зелена, сјајна, стаклеста маса.

Jуту-2 прв пат ја фотографирал оваа блескава супстанција кон крајот на јули 2019 година. Кинеските научници ја опишаа како „супстанција слична на гел“, што е всушност необичен опис на нешто на Месечината, со оглед на тоа што пејзажот на нашиот сателит е многу суво и правливо место.

Шенг Гоу од Кинеската академија на науките и неговите колеги користеле слики од ВНИС за да се утврди хемискиот состав на сјајот, но и околниот реголит. Тие дознале дека реголитот претежно се состои од плагиоклаза (околу 45%), пироксен (7%) и оливин (6 проценти) – прилично стандардна мешавина на Месечината.

Им било малку потешко да се утврди составот на стаклестото тело, најверојатно заради слабата светлина, така што можеле да забележат само поголеми количини на плагиоклаза (околу 38 проценти).

Составот и описот на супстанцијата потсетуваат на два примерока земени од Месечината за време на мисијата Аполо: лунарен примерок 15466 и лунарен примерок 70019.

Планетарните научници заклучуваат дека оваа супстанца веројатно се формирала за време на влијанието на метеорит, за време на кое дел од реголитот се стопил, се измешал со нерасчистениот реголит и формирал карпа.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments