Книгата која досега никој не успеал да ја прочита чини 7.500 евра

„Krethi & Pleth e шпанска издавачката куќа е една од најдобрите кога станува збор за репродукција

Книгата има 102 страници и освен текстот содржи и цртежи, кој досега никој не успеал да ги дешифрира.Се работи за ракописот „Voynich“, кој многумина ја нарекуваат најмистериозната книга во светот. Стотици истражувачи цел живот се обидувале да ја протолкуваат оваа мистериозна книга со страници испишани од елегантен ракопис, со илустрации на чудни растенија и цртежи на голи жени. Сепак, тие не биле во можност да откријат за што се работи вокнигата, која се наоѓа во сефот на библиотеката „Beinecke“ на Универзитетот Јејл во САД.Сега, „Krethi & Plethi“, мала издавачка куќа со седиште во северниот дел на Шпанија, конечно, по десет годишни напори
доби дозвола за репродукција на 898 примероци на ракописот„Voynich“.Оваа шпанска издавачката куќа е една од најдобрите кога станува збор за репродукција на историските ракописи, а еден примерок ќе чини 7.500 евра, а наводно
300 луѓе го резервирале својот примерок.Книгата ја открил Полјакот, Wilfrid Voynich околу 1912 година во Италија. Кога ракописот бил предмет на истражување во
2009 година било откриено дека потекнува помеѓу 1404 и 1438 година. Таа содржи 170.000 „букви” и 35.000 зборови.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments